ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар се засили со центар од 210 сантиметри

Вардар се засили со центар од 210 сантиметри

сподели
Михајло Арсоски ќе ја бие битката под кошевите во тимот на Вардар

Во предвечерјето на новата сезона, тимот од Кале се избори за уште еден играч во својот ростер.

Дарко Радуловиќ ќе го има на располагање 24-годишниот центар Михајло Арсоски кој утре треба да стави потпис на договорот и официјално да стане член на „црвено-црните“. Во Вардар доаѓа од екипата на Пелистер чиј член беше минатата натпреварувачка кампања.

Својата кариера ја почна во МЗТ Скопје, за кој има и еден настап во УЛЕБ Еврокупот во сезоната 2013/14, против Калев во Талин на кој постигна четири поени за речиси 14 минути на теренот. Со тимот од Аеродром ја освои двојната круна во македонската кошарка таа сезона.

Потоа две години помина во АВ Охрид, па во Струмица и лани во битолскиот прволигаш. Во екипата на Пелистер одигра 23 натпревари со просек од 7,1 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции.

Освен тоа Арсоски беше и младински репрезентативец на Македонија и сигурно ќе претставува големо засилување за екипата на Вардар.