ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар не најде лек за Миладиновиќ

Вардар не најде лек за Миладиновиќ

сподели

Куманово ја оствари третата победа во новата сезона, втора во третиот натпревар на домашен терен. Подобар беше од Вардар со 81:70 иако имаше услови да слави поубедливо затоа што во текот на мечот водеше и со 24 поени разлика.

Разликата ја направи Давид Миладиновиќ кој постигна 26 поени, 12 скока и 3 блокади. На другата страна блескаше Њуес, но тој беше недоволен за изненадување во Куманово.