ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар настрада од „своите“

Вардар настрада од „своите“

сподели
фото: архива

Пелистер ја оствари првата победа на гостински терен, вкупно втора оваа сезона. Убедливо го совлада Вардар со 71:95, не оставајќи му надеж дека може да дојде до евентуално изненадување.

Победникот се знаеше уште по првото полувреме, битолчани водеа со 29:55, само беше прашање колку ќе заврши натпреварот. Домаќинот настрада од своите поранешни кошаркари: Андреј Цветковски, Адем Мекиќ и Јетмир Зеќири, секој од нив во една етапа од своите кариери биле членови на Вардар. Заедно сега постигнаа речиси половина од поените на Пелистер – 42.

Црвено-црните повторно го имаа Њуес кој беше најдобар играч, со 22 поена и 9 скока.