ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар и Бадел фаворити во првото коло

Вардар и Бадел фаворити во првото коло

сподели

Дамите се поделени во две групи по 7 екипи, ќе играат дома-гости во првиот дел од шампионатот кој стартува на 10-ти октомври.

По раунд-робин системот во првата фаза од натпреварувањето, женската лига продолжува со најдобрите три тима од двете групи, кои ќе се соочат во лигата за шампион (првак).

1 коло:

ЗАПАД

Пантери – Шкупи
Бадел 1862 – Работнички
Гостивар – Струга 2009
Трокал – слободен

ИСТОК

Патриот – Куманово
Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Пробаскет
Баскет КАМ – слободен

Бодовите од првата фаза се пренесуваат, првите четири екипи од втората рунда одат во плеј-офот, а другите во плеј-аутот од каде најдобрите две екипи ќе преживеат во елитната дивизија.

Првата лига во следната сезона (2021/22) ќе брои 8 екипи, а останатите 6 и другите пријавени ќе играат во втората лига.

Преостанатите шест екипи, заедно со други, односно ново пријавени екипи ќе бидат составен дел од Втората лига-жени, во сезоната 2021/2022.