ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар го врати Лефкоски и го задржа Провел

Вардар го врати Лефкоски и го задржа Провел

сподели
Војче Лефкоски

„Црвено-црните“ останаа без Дамјан Робев и Славчо Темелковски, но веќе почнаа да го градат тимот за новата сезона.

Раководството на клубот успеа да го задржи Џуниус Провел, еден од најдобрите кошаркари кои ги имал Вардар во својата историја, сметајќи го и славниот период од пред една деценија кога два пати играше во финалето од плеј-офот и освои еден трофеј во Купот на Македонија.

Џуниус Провел (фото: ohridnews.com)

Плејмејкерот дојде во Вардар на почетокот од сезоната 18/19, но во зимскиот период му беше дозволено да замине во Грузија каде остана една година и потоа пак се врати во Скопје. По враќањето имаше просек од 18 поени, 2,5 скока и 3,8 асистенции по натпревар.

Лефкоски по трет пат во својата кариера ќе го облече дресот на Вардар. За овој тим играше од 2010 до 2014 година и потоа во сезоната 16/17. Сега се враќа од Кожув каде ја помина минатата натпреварувачка кампања во која требаше да биде дел од амбициозниот проект на АВ Охрид кој потоа пропадна.

Лани играше за Блокотехна со која ја освои титулата во БИБЛ лигата и стигна до полуфиналето од плеј-офот и Купот на Македонија.