ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар го совлада МЗТ2 во последниот меч од 12-то коло

Вардар го совлада МЗТ2 во последниот меч од 12-то коло

сподели
kfsm.mk

Исполнет со огромна доза на резултатска возбуда, финалниот натпревар од првата рунда во новата година заврши со победа на поискусниот тим. Само 5 поени беше позитивата меѓу двете екипи, кои се борат за избегнување на последното место. Вардарци имаат две победи, а помладите аеродромци се уште немаат триумф.

kfsm.mk

Нивес постигна 23 поени, имаше и 6 скока за победникот. Крстевски беше втор стрелец со 19 поени и прв скокач со 13 прифатени топки, Робев имаше 15, Провел постигна 11. Кај младите металци, Дарио Митевски беше лидер со 19 поени, Максим Митевски имаше 13, Исајловски имаше 12 со 6 скока и 4 асистенции, а Тодоровски имаше 11 поени со 10 скока.