ПОЧЕТНА СВЕТ Ванеса ќе добие 200 милиони долари

Ванеса ќе добие 200 милиони долари

сподели

Вдовицата на Коби Брајант наскоро треба да биде побогата за 200 милиони долари како добивка од вложувањата на нејзиниот сопруг во енергетскиот пијалок Bodyarmor.

Поранешниот кошаркар вложи пет милиони долари во основањето на брендот кој подоцна, во 2018 година, го откупи Кока Кола за две милијарди долари. Десет проценти од таа сума оди кај семејството на Брајант, кога Кока Кола целосно ќе ги исплати парите.

„Загубив драг пријател, брат, а Bodyarmor го загуби својот татко. Да не беше Коби, немаше да постои ни овој бренд. Тој веруваше во него во 2012 и 2013 година и заедно успеавме“, изјави ко-основачот на Bodyarmor, Мајк Рипол.

Енергетскиот пијалок излезе на пазарот во 2011 година, а покрај Коби, во него инвестираа и други познати имиња од спортот како Клеј Томпсон, Роб Гронковски, Ричард Шерман итн.