ПОЧЕТНА СВЕТ Ваков дочек нема ни папата

Ваков дочек нема ни папата

сподели
фото: Pelicans

За многу од симпатизерите на Пеликанс, првиот тренинг на екипата пред новата сезона, беше првата шанса да го видат новото засилување на нивната екипа.

Официјалните бројки велат дека преку 10.000 љубители на спортот се појавиле пред Смути центарот, на отворањето на активностите на тимот од Њу Орлеанс.

фото: Pelicans

Температурите биле и преку 32 степена на голо сонце, што не ги спречило присутните да чекаат во редици повеќе од еден час, пред влезот на арената.

Зајон Вилијамсон беше избран како прв пик на драфтот и според фамата што се создава околу него, Ентони Дејвис (кој замина за Лејкерс) е веќе минато.