Македонската јуниорска репрезентација има предност од четири поени на натпреварот за третото место од Б-Европското првенство во Орадеа.
Нашите кошаркари лошо го почнаа мечот, пред крајот на првата четвртина имаа негатива од 17:28, но направија серија од 11:0 и го израмнија резултатот.
Одличната игра продолжи во вториот период во кој водеа со осум разлика (38:46) за по 20 минути игра да биде 45:49.
Двете репрезентации добро ги служи шутот, Чесите погодија девет тројки од 19 шута, а нашите 7 од 15. Најефикасен во нашата селекција е Миловановиќ со 16 поени, Савичевиќ додаде 11 со 5 асистенции, а пред крајот на полувремето се разигра Јакимовски кој стигна до 8 поени.