ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Утешна победа за Димитријевиќ

Утешна победа за Димитријевиќ

сподели
фото: КК Хувентуд

Македонскиот репрезентативец со триумф го заврши настапот на подготвителниот турнир „Лига на Каталонија“, славејќи над Манреса со 93:79 за 3-то место.

Ова е прва победа за Хувентуд пред стартот на сезоната, во која Нено имаше учинок три поени од единствената тројка што ја постигна во последниот период.

Нашиот репрезентативен плејмејкер помина на теренот нешто под 24 минути, забележа и 6 асистенции со две прифатени топки зад неговото име.