ПОЧЕТНА СП 2019 Уште ова фалеше: Адетокумбо и Гасол имаат здравствени проблеми

Уште ова фалеше: Адетокумбо и Гасол имаат здравствени проблеми

сподели

Без разлика кој ќе ја освои титулата, Светското првенство во Кина ќе го одбележат отсуствата на голем број кошаркарски ѕвезди од речиси сите репрезентации.

Во првото коло може да недостасуваат уште двајца НБА кошаркари: Јанис Адетокумбо и Марк Гасол.

Најкорисниот играч во основниот дел од НБА лигата има болки во коленото поради кои не настапи на подготвителниот дуел против Венецуела (победа на Грција со 74:51). Засега е неизвесно дали ќе биде подготвен за натпреварот од првото коло на Мундобаскетот против Црна Гора на 1 септември.

Марк Гасол не е повреден, но има гастроентеритис и тоа е причината што не играше против Аргентина и ќе остане надвор од составот за дуелот со Русија. Шпанците дебитираат на Светското првенство на 31 август против Тунис.