ПОЧЕТНА Други репрезентации Уште никој како четата на Митко Луковски

Уште никој како четата на Митко Луковски

сподели
Искусниот стручњак го има најдобриот пласман на една наша македонска селекција

Настапот на првенството во Удине ќе биде петти за една македонска репрезентација на едно Европско првенство во кадетска конкуренција.

Во втората половина на 90-тите години од минатиот век бевме редовни учесници, игравме на три по ред, потоа и во 2003 година и оттогаш трае нашето отсуство. Најдобриот пласман го имавме на дебито, во 1995 година во Португалија каде кадетската репрезентација го освои четвртото место.

Предводник на таа селекција беше Митко Луковски, а во неа играа Тодор Гечевски, Емил Рајковиќ, Гоце Герасимовски, покојниот Благоја Патровски итн. Во полуфиналето нашите кошаркари загубија од Хрватска со 66:45, но шансата за медал ја пропуштија на натпреварот за третото место каде доживеаја пораз од Грција со 72:73. Титулата ја освои Хрватска.

Во 1997 година Македонија го освои десеттото место и тоа е наш најслаб пласман, во 1999 година, со Перо Антиќ, Александар Јончевски, Ристе Стефанов, Димитар Мираковски итн беше шеста, а на последниот настап, во 2003 – седма.