ПОЧЕТНА Некатегоризирана Уште не почнале, Лејкерс доживеаја трагедија

Уште не почнале, Лејкерс доживеаја трагедија

сподели

Втората најтрофејна франшиза во НБА лигата правеше тим со кој ќе ја нападне титулата, прва по пауза од една деценија, но уште на стартот ситуацијата излезе од контрола.

Едно од најголемите засилувања ова лето Демаркус Казнс го скина предниот вкрстен лигамент на коленото. Од Лос Анџелес Лејкерс соопштија дека во следниот период ќе му биде извршена операција по кои најверојатно претстои долга пауза, можеби и до крајот на годината.

Ова е втора тешка повреда за Казнс во последните две години откако непосредно по доаѓањето во Голден Стејт ја скина Ахиловата тетива.