ПОЧЕТНА Женска кошарка Уште ја чекаме првата победа…

Уште ја чекаме првата победа…

сподели
FIBA

Наспроти високите очекувања женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз на Европското првенство Б-дивизија во Скопје.

FIBA

Кошаркарките до 18 години не најдоа одговор ни за Грција и загубија со 48:38. И двете репрезентации играа многу лошо во нападот, Гркинките не реализираа ниедна тројка од 16 обиди, а нашите имаа 19,3% успешност од игра.

FIBA

Илина Селцова постигна речиси половина од поените на нашата репрезентација (16), а се истакна само уште Теона Поп Стојанова и тоа поради 12-те скока.

FIBA

По трите порази следува слободен ден за македонската селекција, а потоа уште дуелите со Словачка и Австрија во кои ќе се бориме за избегнување на дното.