ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште едно огромно признание за македонскиот бисер

Уште едно огромно признание за македонскиот бисер

сподели

Повратникот во кошаркарската репрезентација Ненад Димитријевиќ е еден од тројцата кандидати за признанието за Ѕвезда во подем во Еврокупот.

Кошаркарот на Хувентут е во друштво на Мартинас Еходас од Ритас и Килијан Хејс од Улм кои, всушност, му се ривали за ласкавата награда. Оваа сезона Димитријевиќ стана еден од главните играчи во својот тим, се зголеми неговата минутажа, а тој покажа дека не се плаши ни од притисокот, ни од одговорноста.

Плејмејкерот на македонската репрезентација просечно постигнува по 11,9 поени и 3,9 асистенции со индекс од 12,9 по натпревар.