ПОЧЕТНА Евролига Уште едно нејзино дете, ја „излажа“ Звезда

Уште едно нејзино дете, ја „излажа“ Звезда

сподели
euroleague.net

Плејмејкерот што три години играше во таборот на црвено-белите и таму ја доживеа европската промоција, реши да не се враќа во екипата од Белград, туку да се обиде во Москва.

Стефан Јовиќ (28) потпиша двегодишен договор со Химки, до летото 2021-та година. Претходно играше за Баерн Минхен, Звезда (2014-17), Раднички Крагуевац (2012-14) и Слога Краљево (2010-12).

Во одличната сезона во баварскиот гигант, мускулестиот и стамен организатор на играта имаше просек од 8.3 поени, 4.6 асистенции, 2.4 скока и 1.3 украдени топки по натпревар, во дуелите одиграни во Евролигата.

На големо се шпекулираше дека Стефан Јовиќ и Милош Теодосиќ (Виртус) ќе го облечат дресот на омилениот клуб во новата сезона, но и двајцата плејмејкери заминаа во друг правец во кариерите.