ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште една македонска екипа ќе игра во БИБЛ!?

Уште една македонска екипа ќе игра во БИБЛ!?

сподели

Нова страница од своето постоење врти регионалното натпреварување кое минатата сезона спадна на најниски гранки од формирањето со тоа што во него учествуваа само пет екипи, а една се откажа на половина.

Лани Македонија немаше свој претставник, сега веќе два се потврдени, а од БИБЛ објавија дека е можно да им се приклучи и трета. Која е таа, засега не се знае, но изгледа дека ќе зависи од интересот на другите држави и клубови од регионот.

Досега, покрај ТФТ и Куманово, потврдени се уште Ибар и Понте Призрен, а од лигата тврдат дека најмногу осум клуба ќе учествуваат во новата сезона. Basketball.mk и порано пишуваше дека Академик Пловдив е сигурен, но уште една бугарска екипа, наводно, искажала интерес за учество во натпреварувањето. Во конкуренција е уште еден тим од Црна Гора, еден од Хрватска и два од Косово. Досега ниеден хрватски клуб не бил дел од БИБЛ, па веројатно во интерес на лигата е „пазарот“ да се прошири и во оваа држава.

Актуелен шампион на Балканската лига е Блокотехна која по една година пауза ќе се рестартира претстојната сезона. Во 2011 година титулата ја освои Фени Индустри, а уште Работнички и Куманово стигнуваа до финалето на ова натпреварување.