ПОЧЕТНА СВЕТ Уште една магична вечер за Дончиќ, го собори Џордан!

Уште една магична вечер за Дончиќ, го собори Џордан!

сподели

Сечата на рекорди во режија на еден од најдобрите кошаркари на денешнината продолжува и во декември.

Далас Маверикс загуби од Сакраменто со 110:106, но Лука Дончиќ стана прв играч во историјата на НБА лигата кој на 19 натпревари во низа постигнал најмалку 20 поени, 5 скока и 5 асистенции. Против Кингс реализира 27 поени, прифати 7 топки и 8 пати додаде за кош кон своите соиграчи.

До пред овој натпревар, Дончиќ беше ко-рекордер, заедно со Мајкл Џордан и Оскар Робертсон со по 18 меча на кои успеале да дојдат до таков ефект.