Американскиот плејмејкер Ахмад Старкс е трето странско засилување за амбициозниот битолски прволигаш кој во новата сезона ќе се обиде да стигне барем до Суперлигата.
Игра на плејмејкерската позиција, висок е 175 сантиметри, а во Македонија доаѓа од канадскиот тим КВ Титанс. Ова е второ европско искуство за него откако пред четири години играл во шведскиот Еребро.
Пелистер летово донесе неколку засилувања од домашното првенство: Цветковски, Зеќири и Зафиров, како и повратникот, Израелецот Антон Казарновски. Најавен е уште еден странец, на крилната позиција.