ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште еден странец во Кожув!

Уште еден странец во Кожув!

сподели

Крилниот играч Антоан Максвел е нов член на поранешниот македонски вицешампион и финалист во Купот.

Висок е 201 сантиметар, а минатата сезона играл во екипата на Лајф во НЦАА. Според информациите од неговата менаџерска агенција, станува збор за одличен скокач за што зборува и ефектот од осум прифатени топки по натпревар во последната колеџ-сезона.

Максвел е второ странско и вкупно четврто засилување за Кожув во пресрет на новата натпреварувачка кампања. Пред него во гевгелискиот тим дојде Антун Маричевиќ, Мартин Шалев и Методија Бешлиоски.