ПОЧЕТНА НБА Уште еден „југословен“ ќе здрма договор со 9 цифри, од кој што...

Уште еден „југословен“ ќе здрма договор со 9 цифри, од кој што трепери телото

сподели
фото: Magic

Балканските кошаркари се на цена како ретко кога, а освен тоа што расте нивната вредност, се поголемо е и нивнито реално играчко влијание во најсилната кошаркарска конкуренција на светот.

Црногорецот Никола Вучевиќ (28, 213) ќе потпише договор вреден 100 милиони американски долари за 4 сезони, што е двојно повеќе од претходниот дил за сезонава, што го имаше со франшизата Орландо Меџик со која што се пласира во плеј-офот по подолга пауза.

Вучевиќ е само вториот во историјата на оваа организација што добива договор со девет бројки, по Рашар Луис (118 милиони за 6 сезони, 2007), а 25-те милиони по сезона е еден од најбогатите договори за европски играч во НБА лигата.