ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште еден играч на АВ Охрид си најде клуб

Уште еден играч на АВ Охрид си најде клуб

сподели

По Адем Мекиќ, Војче Лефкоски и Данило Мијатовиќ, во нова средина е и американскиот бек Шакир Смит.

Некогашниот играч на Блокотехна дојде последен во АВ Охрид, како замена за Маркус Џексон, но не дочека да заигра повторно во македонското првенство. Една недела откако беше објавена пропаста на нашиот прволигаш, Смит се врати во Бугарија, во тимот на Академик Бултекс чиј член беше од 2016 до 2018 година.

Американецот беше член на Блокотехна една полусезона, во 2018 година и со оваа екипа учествуваше во полуфиналето од македонскиот плеј-оф.