ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште еден играч го напушти шампионот

Уште еден играч го напушти шампионот

сподели
Младеновски повторно замина, наскоро ќе се знае судбината и на Соколов, Мамузиќ и Маслинко

По Џејмс Вудард, МЗТ Скопје остана без уште еден кошаркар од составот кој ја врати титулата во Аеродром.

Во тимот повеќе не е центарот Љубомир Младеновски кој вторпат си заминува од „Јане Сандански“, по само една сезона помината таму. Договорот со него е раскинат спогодбено иако тој важеше и за идната сезона.

Младеновси беше најавен како големо засилување, но долго се мачеше со повреди и пропушти голем број натпревари поради што МЗТ Скопје мораше да реагира и на полусезона го донесе ветеранот Предраг Самарџиски.

Вкупно одигра 47 натпревари во АБА 2 и во македонското првенство, подобар беше на домашна сцена, со учинок од 7,8 поени и 6,4 скока.

Младеновски во моментов е на одмор надвор од државата, своите планови за иднината ќе ги обелодени по враќањето. На уште неколку кошаркари од актуелниот состав на МЗТ Скопје им истекоа договорите со завршувањето на сезоната, па во следниот период раководството на клубот ќе одлучи дали ќе им понуди продолжување на соработката.