ПОЧЕТНА ЕВРОПА Уште еден екс-играч на МЗТ ќе игра против аеродромци во АБА 2

Уште еден екс-играч на МЗТ ќе игра против аеродромци во АБА 2

сподели
Алексеј Нешовиќ (број 30) беше член на МЗТ Скопје во финишот од сезоната 17/18

Српскиот претставник во регионалното натпреварување Нови Пазар се договори со Алексеј Нешовиќ и оваа сезона да го носи дресот на клубот.

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, кој за оваа селекција настапи на Европското првенство во 2011 година, се враќа во тимот по мала пауза откако си замина по завршувањето на минатата натпреварувачка кампања. Претходно беше негов член во остварувањето на најголемиот успех во историјата на клубот.

Меѓу другото, Нешовиќ е познат на македонската кошаркарска јавност затоа што во еден дел од својата кариера играше и за Лирија, Кожув и МЗТ Скопје. Во „Јане Сандански“ ќе се врати на 12-ти декември кога Нови Пазар му гостува на македонскиот првак во десеттото коло од АБА 2 лигата.