ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) Уште еден „доказ“ дека Теодосиќ се сели во Звезда!?

(ВИДЕО) Уште еден „доказ“ дека Теодосиќ се сели во Звезда!?

сподели

Капитенот на српската репрезентација е најголема желба на шампионот на АБА лигата ова лето, откако најголемиот дел од ростерот за новата сезона е комплетиран.

Навивачите на Црвена Звезда очајно ја очекуваат веста дека дошло до договор, а додека траат шпекулациите, страстите ги загреа сопругата на Милош Теодосиќ, Јелисавета. Глумејќи во една претстава, при импровизација со својот колега Владо Алексиќ најави дека Теодосиќ ќе се пресели во Звезда.

„Некоја наша актерка глумела по хотели, некои серии – дибидус кариера, не е ни битно. Го запознала тој кошаркар, не знам ни како се вика, не е важно. Се забавувала со него неколку месеци, отишла во Лос Анџелес…

Се шетала само по плажи, забременила, жив не сум да дознаам каде ќе оди натаму“, се прашувал Алексиќ, на што Јелисавета одговорила како од пушка:

„Па, во Звезда, каде…“

Теодосиќ уште официјално не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но притисокот од Звезда е се поголем. Првиот човек на клубот Небојша Човиќ најави дека е подготвен да му ги исполни сите барања, само ако плејмејкерот има желба.

Наводно, Теодосиќ веќе одбил понуда од Виртус, а за него се заинтересирани Олимпијакос и Макаби.