ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште двајца ја продолжија верноста кон Гостивар

Уште двајца ја продолжија верноста кон Гостивар

сподели

Откако на верност кон својот тим се обврзаа Александар Костоски, Ивица Димчевски, Малком Армстед и Диме Тасовски, како и тренерот Марјан Србиновски, раководството на клубот најде заеднички јазик со уште двајца од носителите на играта.

Капитенот Ренато Димитриевски останува играч со најдолг стаж во екипата, а го продолжи договорот на уште две години. Александар Стерјов ќе биде член на Гостивар најмалку уште една сезона.

Гостиварци уште ја чекаат разврската во АБА лигите, односно судбината на Приморска. Ако Словенците не играат во АБА 1 идната сезона, нивното место ќе го пополни МЗТ Скопје, а тоа ќе отвори место за Гостивар во АБА 2. Во зависност од тоа ќе се прави ростерот за новата сезона, односно списокот на странските засилувања.