ПОЧЕТНА Некатегоризирана УЛЕБ со цел арсенал против ФИБА

УЛЕБ со цел арсенал против ФИБА

сподели

Несогласувањата меѓу две од водечките три кошаркарски организации во светот придонесе на Светското првенство да не играат неколку репрезентации кои го заслужуваат тоа, пред се Словенија како европски шампион.

Во квалификациите немаат право да настапуваат кошаркари од НБА и Евролигата, но ФИБА и покрај тоа го тера својот филм и не планира да смени нешто. Светската куќа на кошарката е под притисок поради прозорите во текот на сезоната во кои се играат квалификациските дуели, а пред завршувањето на Мундибаскетот и првиот човек на УЛЕБ, Жорди Бертомеу жестоко ја нападна.

„Календарот на ФИБА се покажа погрешен во секое натпреварување. Од репрезентативните квалификациски прозори до тоа што Мундобаскетот да биде поместен во непарни години и во година пред Олимписките игри.

ФИБА треба да биде искрена и да ги преиспита своите одлуки, од аспект на тоа колку врвни кошаркари се откажаа од своите репрезентации и не играа на Светското првенство“, изјави Бертомеу.

Идната година УЛЕБ и ФИБА ќе бидат во дополнителни проблеми бидејќи Евролигата е проширена на 18 екипи и ќе се играат четири кола повеќе. Toa ќе создаде промени во распоредот на националните првенства, а од 6 до 12 јули се играат и квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри.