ПОЧЕТНА ЕВРОПА Турските финалисти продолжија со победи дома

Турските финалисти продолжија со победи дома

сподели
фото: Fenerbahce

Екипата на Анадолу Ефес славеше со 109:69 против Бујукчекмеџе, во рамките на четвртото коло од новата сезона во турскиот шампионат. Бубоа го предводеше победникот со 16 поени, 4 асистенции и 3 скока.

Финалистот играше ден порано и се уште диктира ритам за шампионот – Фенербахче победи против Бахчишекир со 74:60. Ловерњ имаше 13 поени со 5 скока, а кај поразените Џонсон имаше 19 поени со 9 скока.

На табелата водат Пинар и Фенер со по 4 победи, а следуваат Бурса, Тофаш, Дарушафака, Анадолу и Галата со по 7 бода, односно Бешикташ со 6 бода. Ефес загуби убедливо (84:66) од Бандирма, во 2-то коло.