ПОЧЕТНА СП 2019 Турција ја почувствува целата суровост на кошарката

Турција ја почувствува целата суровост на кошарката

сподели
FIBA

Пред два дена ја имаа во раце американската репрезентација, а сега се елиминирани од главната фаза на Светското првенство во Кина.

Турската селекција се загуби себеси, веројатно оној несреќен пораз од САД остави трага врз самодовербата, па против Чешка не изгледаше на себе. Загуби со 91:76 и ќе се бори за пласман од 17-то до 32-ро место. Тоа беше директен дуел за втората позиција, Чесите се надминаа себеси и заслужено се меѓу најдобрите 16.

Предводени од фантастичниот Томаш Саторански тие постојано го диктираа темпото. На крајот на првото полувреме беше 43:35, Турците се доближија на -2 во неколку наврати, но не стигнаа поблиску до тоа.

Изненадувањето беше центарот Ондреј Балвин кој постигна 17 поени и 11 скока, заврши со забивања неколку цепелини со Саторански и останатите и имаше само едно промашување од игра. Хрубан беше најефикасен со 18 поени, а Саторански реализираа 11 поени, 7 скока и 7 асистенции.

Турската репрезентација не личеше на себе, особено во одбраната. Џеди Осман постигна 24 поени, но потфрлија Илјасова и Вилбекин. Првиот заврши со 6 поени, сите од слободни фрлања и шут од поле 0/9, а играше 30 минути. Вилбекин постигна пет поени, далеку од неговото издание против САД.

Чешка продолжува во групата К, во Шенжен, заедно со САД, Бразил и победникот од дуелот меѓу Грција и Нов Зеланд.