ПОЧЕТНА СВЕТ Трипл-дабл на Вестбрук, Харден се налути

Трипл-дабл на Вестбрук, Харден се налути

сподели
Houston Rockets

Ѕвездите на Хјустон почнаа да играат според очекувањата со кои беа пречекани во франшизата од срцето на Тексас.

Новодојдениот Рас го реализира својот прв трипл-дабл со 28 поени, 13 асистенции и 10 скока, а Брадата имаше 29 поени и беше најдобар стрелец во екипата.

Победата против Пеликанс со 126:123 дојде по поразот од Милвоки (111:117) во кој Џејмс Харден не беше најдобар стрелец, нешто на што се навикна од доаѓањето во Рокетс.

Следен е мечот со Оклахома Сити Тандер, тимот од кој потекнуваат двете ударни игли на Хјустон во новата сезона.