ПОЧЕТНА Балкански лиги ТРИНКИЕРИ ПО НОТИТЕ НА ВУЈОШЕВИЌ: Љубовта чини чуда…

ТРИНКИЕРИ ПО НОТИТЕ НА ВУЈОШЕВИЌ: Љубовта чини чуда…

сподели
Kurir

Тренерот на Партизан се изрази како некогашниот предводник на српскиот кошаркарски клуб, кој што често пати сакаше да се повикува на именката што определува длабока емотивна наклонетост, како едно од најсилните оружја во неговото изразување.

„Играчите што ги тренирам имаат квалитет и желба да покажат дека се подобри од ривалот. За екипата и за навивачите ги врзува љубов, а љубовта често прави чуда. Се надевам дека тој спој на љубов и вредна работа во претходниве месеци, ќе ни донесе победа над ривалот и ќе ни помогне да направиме чудо.“ – рече Тринкиери.

Овие зборови потсеќаат на легендарниот тренер на (Црвена звезда и) Партизан, кој што во последните години поминати на клупата на црно-белите се повикуваше на „часовите по љубов“, за на крај да признае дека тие часови не биле бесплатни и да го тужи „својот“ клуб за огромна сума пари (фото: Telegraf).

Црвена звезда води со 2:1 во финалната серија до три победи, третиот меч се игра од 18:00 часот „на теренот“ на Партизан. Со победа, црвено-белите ќе ја освојат петтата титула по ред, а со победа на домаќинот ќе се игра мајсторка „на теренот“ на Звезда.