ПОЧЕТНА ЕВРОПА Тринкиери повеќе не е тренер на Партизан!

Тринкиери повеќе не е тренер на Партизан!

сподели
фото: aba-liga.com, Cibona, Zeljko Baksaj

По две сезони на клупата на поранешниот европскиот првак, италијанскиот стручњак одлучи да го напушти Белград и да се врати во Германија каде работеше претходно.

Денеска тој побара и потоа доби раскин на договорот со Партизан по што потпиша договор со петкратниот германски шампион Баерн. Според српските медиуми, причина за ваквиот потег на Андреа Тринкиери е понудата на раководството на Партизан да му биде намалена платата која за претстојната сезона требаше да изнесува 550 илјади евра.

Како и најголемиот дел спортски клубови во светот, Партизан е погоден од кризата со корона вирусот и се обидува да ги намали своите трошоци. Наводно, на Тринкиери му било понудено, платата да му биде намалена за 10-20% што Италијанецот не сакал да прифати.

Како најсериозен кандидат за наследник на Тринкиери сега се спомнува поранешниот репрезентативец на СР Југославија и Србија и Црна Гора, Владо Шчепановиќ иако се шпекулираше дека позицијата може да ја пополни Драган Јаковљевиќ, тренер на филијалата на Партизан, Младост Земун.