ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Три клуба заинтересирани за Мекиќ!

Три клуба заинтересирани за Мекиќ!

сподели

АВ Охрид имаше одличен состав, па не е чудо што по згаснувањето на клубот македонските прволигаши почнаа да се интересираат за играчите што требаше да бидат членови на овој тим.

Во морето шпекулации, засега има само потврда дека за Адем Мекиќ се заинтересирани три екипи: МЗТ Скопје, Куманово и Пелистер. Првите два се негови поранешни клубови каде остави одличен впечаток, а битолчани без заинтересирани за репрезентативецот уште пред тој да потпише за АВ Охрид.

Кога одлучи да се пресели во градот покрај езерото, одлучија амбициите на клубот кои во тој момент беа шампионски.

Со оглед на тоа што новата сезона во Првата лига е на прагот, Мекиќ треба многу брзо да ја донесе својата конечна одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.