ПОЧЕТНА Други репрезентации Третото продолжение не исцрпи, испуштивме +17 против Израел

Третото продолжение не исцрпи, испуштивме +17 против Израел

сподели
FIBA

Серијата 5:0 на стартот на првата минута од третото продолжение беше пресудна за конечните 99:90 во дуелот со фаворизираната селекција на Израел, во второто коло на А европското првенство што се игра во италијанскиот град Удине.

Нема за што да жалиме, затоа што не само што бевме рамноправен противник, туку и покажавме дека сме зрели и достојни за оваа дивизија. Единственото нешто што ни недостасуваше беше рутината, идентично како и против селекцијата на Шпанија во првото коло.

FIBA

Третото продолжение го завршивме со 11 примени и само 2 постигнати поена. На крајот на второто продолжение беше 88:88, на крајот на првото беше 80:80, а на крајот на регуларниот дел од времето беше 72:72.

Израелците поведоа по првата четвртина со 21:18, во втората и во третата имавме апсолутна надмоќ со 10:18 и 14:26.

FIBA

Дали заморот од двата тешки натпревара во два дена, а на европски првенства нема лесни мечеви, или неискуството на овие млади момчиња, нешто беше причината за падот во последниот регуларен период во кој што во првите 5 минути не постигнавме поен, а Израел успеа да се избори за дополнителни минути со вкупни 27:10.

FIBA

Повторно бевме подобар тим од противникот во скокот, исто како и со Шпанија (51:38), но сега имавме 59 наспроти 79 прифатени топки. Куриозитет е што имавме подобар вкупен удар од поле и за три поени, но слабиот шут за два и од линијата за слободни беа два од пресудните моменти.

FIBA

Израелците имаа 17 украдени топки наспроти 4 за нашите репрезентативци, имаа 12 загубени наспроти 22 за нашите момчиња. Од нашите загубени топки, Израел постигна 20 поени, а ние од нивните само 9. Контрата на Израелците беше пеколна со 27 поени, наспроти нашата со само 7. Ние имавме порасположена клупа со 25:15 во поени, односно 16:7 од втора шанса.

Следен на распоредот, е дуелот со селекцијата на Летонија, на 11-ти август (недела) од 18:45 часот.