ПОЧЕТНА ЕВРОПА Трето коло, трет МВП од МЗТ Скопје!

Трето коло, трет МВП од МЗТ Скопје!

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Кошаркарите на македонскиот шампион се претплатија за наградите за играч на колото во АБА 2 лигата оваа сезона.

По Нуни Омот и Џабари Хиндс, сега Дамјан Стојановски го освои признанието поради одличниот настап во дуелот со Рогашка на кој ја презеде лидерската улога. Оствари индекс 29 благодарение на 18-те поени, деветте скока, петте украдени топки и двете асистенции.

Интересно е тоа што повеќе играчи застанаа на индекс 28 и за малку не му го „украдоа“ признанието на нашиот репрезентативец: Филип Краљевиќ од Широки, Ѓоко Шалиќ од Динами и Давор Коњевиќ од Хелиос Санс.