ПОЧЕТНА ЕВРОПА Третиот член: Никој како Лука!

Третиот член: Никој како Лука!

сподели
euroleague.net

Тој е најмладиот во тимот на деценијата од 2010 до 2020, во Евролига. Во само три сезони во натпреварувањето, во дресот на Реал Мадрид, имаше индекс 21.6 што е десетто остварување во декадата, а Дончиќ имаше само 18 години кога замина за НБА лигата.

Роден сум да играм кошарка, уживам во тоа и не чувствувам никаков притисок, се зборовите на словенечкиот интернационалец, кој дебитира со 16 години во елитната европска лига.

Беше едногласно избран за „Ѕвезда во подем“ во сезоната 2016/17, а следната сезона го замени повреднеиот Љуљ и доминира на европските паркети за 10-та титула за Кралскиот клуб, собирајќи ги сите индивидуални МВП награди.

Само Паркер, Бодирога и Де Коло имаат  титула со повисок просечен индекс на перформанс од оној на Лука Дончиќ, но тие со 28, а тој со 18 години. Редеше мечеви со преку 27 поени, потоа постигна личен рекорд од 33, а во Ел Класико „му ги скрши зглобовите“ на Клавер откако претходно погоди тројка преку целиот терен.