ПОЧЕТНА ЕВРОПА Трета последователна победа за Валенсија

Трета последователна победа за Валенсија

сподели
euroleague.net

Ла Фонтета го проголта и Химки, во триумфот на домашните против руската екипа со 89:84. Кај Шпанците се истакнаа Дубљевиќ со 18, Тоби со 15 поени и 10 скока, Вања Маринковиќ со 13 и Колом со 12 поени и 11 асистенции.

Стефан Јовиќ беше најдобар кај Химки со 19 поени и 11 асистенции, Девин Букер и Јонас Јеребко додадоа по 14 поени, а поентерскиот лидер на московјаните, Алексеј Швед имаше „само“ 11 поени.