ПОЧЕТНА СВЕТ Тренерот на Јокиќ во стручниот штаб на српската репрезентација

Тренерот на Јокиќ во стручниот штаб на српската репрезентација

сподели

За квалификациите за Олимписките игри, а потоа можеби и на Олимпијадата во Токио, националниот тим на нашиот северен сосед ќе биде предводен од двајца НБА тренери.

Првиот е Игор Кокошков, асистент во Сакраменто Кингс и ќе биде во улога на селектор, а Федерацијата за негов консултант го назначи предводникот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун.

„Главниот тренер на Денвер потврди дека ќе и се приклучи на репрезентацијата на претстојниот Олимписки квалификациски циклус што ќе се одржи во Белград“, соопшти КСС.

Србија ја доби организацијата на еден од квалификациските турнири на кој ќе учествуваат уште Доминиканска Република, Нов Зеланд, Италија, Порторико и Сенегал. Назначувањето на Мелоун за член на стручниот штаб во српската репрезентација најверојатно ќе значи и учество на Никола Јокиќ во националниот тим.