ПОЧЕТНА ЕВРОПА Тренерот на годината стартува со пораз, но неговиот тим пружи силен отпор

Тренерот на годината стартува со пораз, но неговиот тим пружи силен отпор

сподели
vtb-league.com

Македонскиот стратег во ВТБ лигата, на чело на казахстанската Астана, загуби во првото коло на гостувањето во Русија, но неговиот тим играше одлично, со оглед на тоа дека е скоро комплетно реконструиран.

„Изненаден сум од отпорот кој го пруживме, бидејќи не сме се уште комплетирани. Ни фалат уште двајца странци, се надевам дека во овој месец ќе се докомплетираме. УНИКС не совлада на индивидуалниот квалитет на лидерското дуо на овој меч, МекКолум и Смит.“ – изјави Емил Рајковиќ, за нашиот портал.

Целта на Астана, во новата сезона, ќе биде развој на казахстанските играчи и ангажирање на млади странци кои би останале подолго време во екипата. Во стручниот штаб на Астана се Сашо Тодорвски и Борче Даскаловски.