ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тренерот и капитенот остануваат во Аеродром

Тренерот и капитенот остануваат во Аеродром

сподели

Дамјан Стојановски е трет кошаркар што го продолжи договорот со седумкратниот македонски шампион, а заедно со него во МЗТ Скопје останува и Ѓорѓи Кочов.

Капитенот, веќе осум години е член на аеродромци, а учествуваше во освојувањето на пет од седумте шампионски титули на својот тим. Да не беше тешката повреда поради која пропушти една сезона, на своето конто ќе имаше уште еден трофеј. Стојановски потпиша договор на уште две години откако минатата кампања просечно постигнуваше по 14,8 поени во АБА 2 и 15,3 поени во домашното првенство.

Ѓорѓи Кочов стана тренер на МЗТ Скопје пролетта 2018 година кога го наследи Жељко Лукајиќ чиј помошник беше претходно, а со кого заедно го освоија пехарот во Купот на Македонија. Еден од најквалитетните млади стручњаци во земјава лани стана и шампион со МЗТ Скопје и е еден од ретките кои имаат трофеи и како играч и како тренер.