ПОЧЕТНА ЕВРОПА Тренерите во Шпанија – врска немаат!

Тренерите во Шпанија – врска немаат!

сподели
фото: AS

Ден пред почетокот на завршниот турнир во Копа дел Реј, шефовите на десетте екипи кои не учествуваат на него во анкета одговараа за тоа кој е најголем фаворит за титулата во ова натпреварување.

Најголем дел од нив ја посочија Барселона која претходните две години го освојуваше ласкавиот трофеј. Наспроти нивните прогнози, тимот на Светислав Пешиќ е елиминиран веќе во првата фаза, односно во четвртфиналето, од Валенсија со 78:82.

Со тоа Валенсија се одмазди за неодамнешниот пораз во Евролигата, доживеан по поените на Никола Миротиќ во последната секунда. Во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Реал и Билбао.

Барса остана без можност да направи хет-трик во Копа дел Реј и да се доближи на само една титула до Реал Мадрид кој е најдобар во историјата на ова натпреварување.