МЗТ Скопје нема да игра на завршниот турнир од јуниорската АБА лига бидејќи загуби во клучниот натпревар во групната фаза.
Повторно за аеродромскиот клуб беше кобна Приморска, истата од која сениорите загубија во финалето од АБА 2 минатата сезона. Словенците победија со 87:82 и со биланс 3/2, идентичен како МЗТ Скопје го освоија второто место.
Ситуацијата се сврте против нашиот клуб уште утрината кога Олимпија загуби од Морнар бидејќи со евенетуална победа на Словенците, пораз од пет разлика ќе му беше доволен на МЗТ да се пласира понатаму.