ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) Торонто не е само Ленард…

(ВИДЕО) Торонто не е само Ленард…

сподели
фото: NBA

Голден Стејт се плашеше од најдобриот играч на Репторс, но изненадувањето дојде од Паскал Сиакам.

Камерунскиот кошаркар одигра фантастичен меч, постигна 32 поена и го однесе канадскиот тим до победа од 118:109 во првиот финален меч од НБА лигата. Торонто поведе, а и вториот меч, ноќта 2-ри кон 3-ти јуни ќе биде домаќин.

До 32-та поена Сиакам стигна со само три промашувања од 17 обиди од игра. Во еден момент имаше 11 прецизни шута во низа, а додаде уште осум скока и пет асистенции за да докаже дека со право е еден од тројцата фаворити за играч со најголем напредок оваа сезона.

Торонто поведе веќе кон средината на првата четвртина, диктираша високо темпо и одлично шутираше од далечина. На полувреме беше +10 (59:49), а уште неколку пати во вториот дел домаќините имаа и 12 поени предност. Вориорс успеаја да намалат на три негатива (90:87), но следуваше серија од 10:3 за нова двоцифрена разлика и мирен финиш за Торонто.

Освен Сиакам изненадување за Вориорс беше и ветеранот Марк Гасол кој постигна 20 поени и 7 скока. Најефикасен на натпреварот беше Стеф Кари со 34 поени, но не помогна ниту тој, ниту трипл-дабл-от на Грин со по 10 поени, скокови и асистенции.