ПОЧЕТНА НБА Торонто го направи првиот чекор, кон одбрана на титулата

Торонто го направи првиот чекор, кон одбрана на титулата

сподели
Raptors HQ

Канадската екипа, која што на изненадување на целиот кошаркарски свет, стигна до првиот трофеј во најсилната и најквалитетната кошаркарска конкуренција, го продолжи договорот со еден од најважните играчи во шампионскиот ростер.

Шпанскиот интернационалец Марк Гасол ќе се врати во Торонто, откако се согласи да не го напушта тимот, иако имаше опција за тоа. Центарот ќе остане во редовите на Репторс, иако за него сериозно беше заинтересирана екипата на Њу Орлеанс Пеликанс.

Со просек 13.6 поени, 7.9 скока и 4.4 асистенции во 79 одигрнаи натпревари, помладиот брат Гасол (34) беше еден од круцијалните играчи за освојувањето на титулата, особено во финалето против Голден Стејт Вориорс (4:2).