ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Топката на ФИБА и во Македонија

Топката на ФИБА и во Македонија

сподели
fiba.basketball

Сите натпревари во организација на КФСМ, без оглед на тоа дали станува збор за сениорска или младинска конкуренција, ќе се играат со најдобриот производ од познатиот светски спортски бренд.

Нашата федерација постигна договор за соработка со компанијата „Вилсон“, која во наредниот период ќе биде и официјалниот снабдувач на кошаркарската топка, со додавката „EVO NXT“(сите величини на изработка).

Станува збор за официјалната топка за игра во кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА.

(лекторирано, преземено од kfsm.mk)