ПОЧЕТНА ЕВРОПА ТОМИЌ ЗБЕСНА: Колку следиш кошарка, мислиш дека не сум ја одработел домашната?

ТОМИЌ ЗБЕСНА: Колку следиш кошарка, мислиш дека не сум ја одработел домашната?

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Победите и поразите се составен дел од спортот и човек треба да остане доследен на џентлменскиот карактер, кој треба да ги краси спортските работници. Но, тоа ТРЕБА, е МНООООГУ големо, а (особено) кај балканските мангупи е МНООООГУ мало.

Тренерот на Црвена звезда, по поразот од Будуќност (81:89) во АБА, му се насска(л) на еден новинар, кој постави(л) прашање за скаутингот, што било истакнато од противничкиот тренер (Суботиќ) како главен елемент за победата на Црногорците.

„Што мислиш, дека не сум скаутирал? Колку долго следиш кошарка? Колку долго си во оваа професија? Ми поставувате прашање дали сум направил соодветен скаутинг?“ – пренесува Б92.

Да, господине Томиќ, прашањето ви е поставено, а вие не сте Зевс па да бирате што ќе ве прашаат. Имате право да не одговорите на прашањето, но може културно да кажете – не одговарам на ова прашање, повелете со следното.

Замислете преда вас да биде некоја од тренерските величини, каква што вие се уште не сте, и да ви го постави истото прашање, дали исто ќе одговорите? Еден пораз и веднаш друг ви е виновен, ви горат нозете? Тоа нешто покажува …