ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тодоров останува верен

Тодоров останува верен

сподели
aba-liga.com

Нашиот селектор и следната сезона ќе биде на чело на романската екипа Крајова, на чија клупа седеше претходните две сезони.

Александар Тодоров останува четврта година во Романија, заедно со ангажманот што го имаше во редовите на Динамо од Букурешт. Кариерата ја почна во Маџари, па преку Алумина, Куманово, Вардар и ФОН, стигна до МЗТ Скопје и ја донесе првата историска титула во Аеродром.

Ацо има искуство од Бугарија, Турција и Косово, а селекторскиот ангажман го почна со два пораза во квалификациите за следното ЕП, дома од Естонија и на гостински терен кај Русија.