ПОЧЕТНА Интернационалци Тодоров и Арсиќ кандидати за селектор на Бугарија

Тодоров и Арсиќ кандидати за селектор на Бугарија

сподели

Досегашниот предводник на националниот тим на нашиот источен сосед Љубомир Минчев одби да го продолжи договорот, па функцијата остана празна по што почнаа шпекулациите кој ќе го наследи.

Бугарските медиуми излегоа со список од четворица кандидати за селекторската позиција, а на него има две познати имиња од македонската кошарка.

Првиот е нашиот трофеен стручњак Александар Тодоров кој им е познат на Бугарите затоа што во минатото беше прв тренер на Балкан и Рилски Спортист, а лани помошник на Константин Папазов во екипата на Левски Лукоил.

фото: МЗТ Скопје Аеродром / Петр Стојановски

Вториот е поранешниот селектор на македонската репрезентација Јовица Арсиќ кој пред три дена стана тренер на новиот бугарски првак Балкан. И тој е позната кошаркарска лично во соседната држава бидејќи имаше долг стаж на клупата на Лукоил Академик.

Останатите двајца се спомнатиот Папазов кој се уште е тренер на Левски и предводникот на Рилски Спортист, Људмил Хаџисотиров-Удо.

Новиот селектор ќе се знае во август, можеби и почетокот на септември. Првата задача ќе ја има кон крајот на ноември кога стартуваат квалификациите за Европското првенство во 2021 година.