ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТОДОРОВ: Добив само еден негативен одговор од кошаркарите

ТОДОРОВ: Добив само еден негативен одговор од кошаркарите

сподели

Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров е задоволен од она што се случуваше од неговото назначување, до објавувањето на конечниот список на репрезентацијата.

На неговата листа беа 24 кошаркари, на крајот тој пресече на 15, а како што објасни тој, немал поголеми проблеми при составувањето.

„Ова е најоптималниот состав во моментов, имајќи ги предвид сите услови. Реков и на првата средба со новинарите дека повеќе нема да има молење за играње во репрезентацијата.

Задоволен сум што добив само еден негативен одговор бидејќи тоа е добро и за атмосферата во тимот.

Почнуваме со тренинзи, направена е програмата, очекувам подготвени да го дочекаме можеби најважниот натпревар во овие квалификации“, рече Тодоров.