ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТОЧНА ПРОГНОЗА: Моторот и снајперот остануваат душата на Гостивар

ТОЧНА ПРОГНОЗА: Моторот и снајперот остануваат душата на Гостивар

сподели

Можеш да менуваш играчи секоја сезона, но костурот мора да биде стандарден, ако сакаш напредок. Ова веднаш беше сфатено во Гостивар и затоа тимот бележи подем овие три години, од новата историја.

mkf.mk

Како што најавивме, Александар Костоски и Ивица Димчевски остануваат дел од јадрото, што минатата сезона играше полуфинале на првенството и Купот на РМ. На играчите мора да им се даде шанса за адаптација, ако целта е стабилен резултатски прогрес.

За Костоски ова е втора сезона на диригентската позиција и сега би требало да се почувствува колку тој навистина може, а константноста на ударот од далечина би требало да го краси (за наши услови) староседелецот Димчевски, во новиот шампионат.